Денес, вторник, 2 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи времето ќе биде умерено до значително облачно. Попладне облачноста од север ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурата во Битола до 12°С.
Утре, среда, 3 февруари, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Температурата во Битола до 13°С.






