Press "Enter" to skip to content

Египетскиот голман Хендави утре доаѓа во Битола, ќе чека виза за Загреб

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, веќе од утре во Битола ќе го има на располагање најавеното засилување, голманот, Карим Хендави од Египет. Веќе ги има средено сите потребни правни работи, а во Битола ќе биде заедно со семејството.

Хендеви е во постојана комуникација со управата на Еурофарм Пелистер, стручниот штаб и тренерот Жељко Бабиќ, кој имаше испратено “налог“ во Египет до тренерот на голманите на египетската репрезентација, Венио Лозарт, го подготвува Хендави за тоа што го очекува оваа пролет во Битола.

Управата на Еурофарм Пелистер стапи во контакт со хрватската амбасада во Каиро и се обидува да му издаде виза за влез во Хрватска на 32-годишниот голман, а ја добие визата, Хендави со само 1 или 2 тренинзи ќе биде дел од тимот.

Доколку го прескокне саботниот натпревар од СЕХА лигата против хрватскиот шампион, Хендави ќе се промовира во дресот на битолчани на 10 февруари  против Татабања.

More from БитолаMore posts in Битола »