Во последните 24 часа се направени 2107 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 5 лица позитивни на корона вирус.
Регистрирани се 638 оздравени пациенти од кои од Битола се 12.
Во Битола до сега се регистрирани 3.243 лица позитини на ковид-19, активни се 134 случаи. Во ЦЗЈ во Битола се направени 71 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 463.957 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.882, бројката на оздравени пациенти е 83.424, на починати е 2.900, а бројот на активни случаи изнесува 7.558.






