Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.161 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на Ковид-19 од кои во Битола се 7 лица позитивни на ковид-19.
Регистрирани се 210 оздравени пациенти од кои во Битола се тројца.
Во ЦЈЗ Битола се направени 91 тест за ковид-19, а со денешните бројки во Битола има 138 активни случаи, а до сега има регистрирано 3.249 позитивни на ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 466.118 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908, а бројот на активни случаи изнесува 7.654.






