Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност

Денес, сабота, 6 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер. Максималната температура ќе биде до 17 степена.

Утре, недела, 7 февруари, во Битола, времето ќе биде умерено до значително облачно. Ќе дува умерен јужен ветер.  Максималната температура ќе биде до 17 степена.