Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“: голем дефект, вода немаа “Прилепска“ и дел од “Јени маале“

Од ЈКП “Водовод“ од Битола информираат дека попладневоима голем дефект на водоводната мрежа на улица “Прилепска“ на водоводна цевка Ф300, а поради тоа прекинато е водоснабдувањето на улицата “Прилепска“ и дел од населбата “Јени маале“.Екипа на ЈКП “Водовод“ веќе е на местото, а поради тоа што дефектот е на место под објект, монтажна гаража, поправката ќе започне по отстранувањето на гаражата.