Денес, понеделник, 8 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (и над 70 км/час). Поради изразеното јужно струење ќе има транспорт на пустинска прашина, што ќе предизвика на места дождот да биде обоен. Температурата во Битола до 15°С.
Утре, вторник, 9 февруари, времето во Битола ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час. Температурата во Битола до 15°С.






