Press "Enter" to skip to content

ЈП“Стрежево“- Битола од 15 февруари ќе започне со издавање на дозволи за риболов

ЈП “Стрежево“ – Битола известува дека новата сезона за рекреативен риболов на рекреативната зона “Акумулација Стрежево”  официјално започнува на 1 март 2021 година. Заинтересираните граѓани оваа година повторно ќе имаат можност да вршат рекреативен риболов на една од најатрактивните риболовни води во нашата земја по убедливо најповолни цени од сите рекреативни зони и риболовни ревири.

Ги известуваме сите заинтересирани граѓани дека ЈП “Стрежево” – Битола планира од 15 февруари да започне со издавање на дозволи за вршење на рекреативен риболов за рекреативната зона “Акумулација Стрежево” за 2021 година.

Висината на надоместокот за издадена дозвола е утврдена на следниот износ:

годишна дозвола – 1.000,00 денари,

-петнаесетдневна – 500,00 денари

седумдневна -300,00 денари,

еднодневна- 150,00 денари.