Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 11 нови позитивни на ковид-19, оздравени 7 пациенти

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 476 нови случаи на коронавирус, 407 оздравеа, а девет лица починаа, соопшти Министерството за здравство. Во Битола има 11  нови случаи на ковид-19.

Регистрирани се 407 оздравени пациенти од кои во Битола се 7.

Досега во земјата се направени 474.280 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, бројката на оздравени пациенти е 85.846, на починати е 2.955, а бројот на активни случаи изнесува 6.546.