По повод Денот на руската дипломатија, традиционалниот настан се одржа пред споменикот „Руски крст“ во Битола, согласно мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.
Цвеќе положија амбасадорот на Руската федерадија во земјава н.е. Сергеј Баздникин, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Почесниот конзулат во Битола, Славјанскиот универзитет, Лук Оил, Здружението за македонско-руско пријателство и други лица.
Настанот се одржа во организација на Амбасадата на Руската федерација во Република Северна Македонија и Почесниот конзулат во Битола пред споменикот „Руски крст“, кој се наоѓа во близина на местото каде што бил убиен рускиот императорски конзул Александар Ростковски пред 118 години.

Кај “Рускиот крст“ во Битола одбележан денот на руската дипломатија
More from ВестиMore posts in Вести »
- Убиство во Битола, сопруг ја убил 31-годишната жена во населбата Баир
- Во Битола попаднево услови за дожд
- “Женски земјотрес“ создаде простор за музика што не прави компромиси
- Пелистер без финале, поразен од МЗТ во “мајсторката“
- Фестивалот “Нарцисот цути“ – приказна за љубовта кон природата, традицијата и културното наследство





