Силниот ветер кој беше најавен од страна на метеоролозите во Битола се случи ноќеска по 1 часот по полноќ, а поради силината на ветрот и посилните удари ги вознемири битолчани.
Од ветрот настрадаа и се оштетени покриви на куќи низ Битола, лимени гаражи, дрвја низ парковите кои се откорнати и искршени, а се откорнати и кабли, а дел од Битола немаше и електрична енергија.
Силниот ветер ги оштети дрвјата и во градскиот парк во Битола, каде се искршени дрвја кои се паднати на патеките и тревниците.
Според некои информации ветрот во Битола беше со над 70 километри на час, со налети и со поголема брзина.

Силниот ветер кој дуваше ноќеска искрши дрвја во градскиот парк во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Јован Дојчиновски – сопственик на “АБЦ Дојчиновски“: подготвени влегуваме во оваа грејна сезона со потребните количини пелети
- Во Битола промеливо облачно, температурата до 16 степени
- “КС Групација“ ја реализираше 19-тата крводарителска акција во Битола
- Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на “ауди“
- Во Битола се одржа манифестацијата посветена на руралната жена





