Пелистер Волеј – Работнички 0:3
(13:25; 19:22; 19:25)
Вчера се одигра првиот од двата 1/4 финални куп натпревари, а во Битола во салата на Медицинското училиште во Битола екипата на Пелистер Волеј ја пречека екипата на Работнички, силен противник што ја однесе победата во Скопје.
За овој пораз од екипата на Работнички, кој сосема оправдано беше фаворит на оваа средба, тренерот Роберт Митковски, кратко рече:
-Непрепознатливо и бледо издание на нашите одбојкарки, потфрливме во секој поглед без никаква борба на терен, што е за најголема критика. Сосема заслужена победа и честитки за противникот.
Веќе во сабота се игра 4 -то коло од пролетниот дел, во кое сме домаќини и ја пречекуваме екипата на Виктори Волеј од Струмица.






