Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 11 нови позитивни на ковид-19, оздравени 5 пациенти

Во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се 11 нови позитивни на корона вирус.

Регистрирани се 278 оздравени пациенти од кои од Битола се петмина.

Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.