Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола студено, со мала или умерена облачност

Денес, петок, 12 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде студено, со мала или умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено претпладне. Температурата во Битола до 2°С.

Утре, сабота, 13 февруари во Битола времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови. До крајот на денот се очекува да се формира снежна покривка, а на планините да се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до -3°С.