Екипи на КЈП “Нискоградба“ Битола во соработка со општина Битола извршија нанесување на еколошко средство против мрзнење и наталожување на снег долж Широк Сокак нешто што ќе стане пракса и во иднина како замена за сол и ризла на најубавата улица во градот и околу сите витални институции во градот.
Механизација е на улиците низ целиот град каде се врши нанесување на сол и ризла како превенција за најавените обилни врнежи од снег, а упатуваат апел во кој се вели:
-Поради врнежите од снег и минусни температури кој ќе преовладуваат за престојниов викенд возачите да го прилагодат управувањето со моторните возила на условите на коловозот. При движењето по градските улици да поведат сметка за прописно паркирање, како не би дошло до проблеми и пречки во расчистувањето на снегот од страна на дежурните екипи. Сопствениците на непрописно паркираните стари и хаварисани
возила самоиницијативно да ги отстранат од коловозите и тротоарите.






