Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 6 позитивни на ковид-19, оздравени 2, активни 137 случаи

Во последните 24 часа се направени 3.121 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 6 лица позитивни на корна вирус.

Регистрирани се 122 оздравени пациенти а од Битола се двајца.

Во ЦЈЗ Битола се направени 77 ковид тестови, а во Битола до сега има 3.316 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 137 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 485.147 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.872, бројката на оздравени пациенти е 87.446, на починати е 2.976, а бројот на активни случаи изнесува 6.450.

More from ВестиMore posts in Вести »