Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола блачно и студено со врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат

Денес, недела, 14 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, особено претпладне. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до -7 степени.

Утре, понеделник, 15 февруари, во Битола времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до -4 степени.