Press "Enter" to skip to content

Оштетени повеќе автобуски стојалиштата низ Битола

Во Битола никако да запре вандалското однесување кон јавните добра, наменети за користење од страна на сите граѓани. Во само неколку дена, засега непознати сторители оштетиле голем број од автобуските стојалишта.

Искршени или оштетени се објектите на стојалиштата, кои претходно, целосно беа реконструкирани и исчистени од страна на Општина Битола.

Граѓаните во повеќе наврати ја поздравија акцијата за уредување на стојалиштата од страна на општината, бидејќи особено при дожд и ветер имаа каде да се засолнат, чекајќи ги автобусите.

Општина Битола повторно упатува апел да не се уништуваат јавните добра и сите случаи на забележани вандализми, да бидат соодветно пријавувани.