Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола двајца позитивни на ковид-19, осумнина оздравени, активни 121 случај

Во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19, од кои од Битола се две лица. 

Регистрирани се 244 оздравени пациенти од кои од Битола се осум.

Во ЦЈЗ Битола се направени 10 ковид-19 тестови, а во Битола има до сега 3.341 кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 121 случај.

Досега во земјата се направени вкупно 497.268 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.