Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанка пријавила измама од комшивка, и земала пари и накит

На 18.02.2021 во СВР Битола, Д.Х. (76) од Битола пријавила дека во периодот од мај 2020 до јануари 2021 година нејзина сосетка во повеќе наврати земала поголем износ на пари и накит од неа, при што ја довела во заблуда со лажно прикажување и прикривање факти за заемот, поради што смета дека е измамена.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.