Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно со сончеви периоди, вечер слаб дожд

Денес, сабота, 20 февруари, во Битола, според прогнозите на метеролозите на Управата за хидрометеолошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта повремени слаби врнежи од дожд. Температурата до 8 степени.

Утре, недела, 21 февруари, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Температурата до 9 степени.