Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: Запленето оружје и дрога во битолско, двајца приведени

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска  (20.02.2021), по претходно добиена судска наредба, извршија претрес  во  дом кај 34 жител од с. Граешница, битолско и 29 годишен од с. Граешница, битолско.
При претресoт пронајдени и одземени се автоматска пушка, ловна пушка, сигнален пиштол, воздушна пушка, 60 куршуми за автоматска пушка, девет патрони за ловна пушка, три најлони марихуана и една вреќа) марихуана,566 семки канабис, како и други предмети.
Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна кривична пријава.