Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола претежно сончево со слаб променлив ветер

Денес, понеделник, 22 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде преку денот претежно сончево со слаб променлив ветер. Температурата во Битола до 11°С.

Утре, вторник, 23 февруари, во Битола времето ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во утринските часови по одделни колтини ќе има услови за појава на слаба магла. Температурата во Битола до 14°С.