По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21 февруари, Друштвото на писатели од Битола,“Битолски книжевен круг“ на својата веб-страница промовира дел од поетското, прозното и драмското творештво на над четириесетина истакнати македонски писатели.
Материјалите се се објавени во списанието за книжевност, уметност и култура „РАСТ“ (издавач: „Битолски книжевен круг“) во Битола, во периодот 2014-2020 година.
Оваа активност е творечко поврзување на убавината од зборот во прекрасен творечки вез. Претставува вдишување на богатата духовна и културна вредност на мајчиниот јазик.











