На иницијатива на градоначалничката м-р Наташа Петровска, а со цел привлекување на инвеститори и овозможување реална конкурентност со останатите региони од државата, денес од страна на комисиите на Советот на Општина Битола, едногласно беше прифатен предлогот на Петровска за намалување на опфатот на ИЗ „Жабени“, за формирање на индустриска зона од страна на Владата, на две градежни парцели, кои сега се во рамките на зоната.
На овој начин, ќе се овозможи инфраструктурно доуредување, но и можност за инвеститорите да ги користат олеснителните околности кои важат за инвестирање во ТИРЗ и индустриски зони на државно ниво. Инвеститорите ќе имаат можност да одберат за вложување во ИЗ „Жабени“ или во индустриската зона формирана од Владата на Република Северна Македонија, со што се зголемува конкурентската способност на зоната во целина.
Со ова се потврдува фактот дека заложбите за локален развој се еден од најважните приоритети на општината, за кои градоначалничката Петровска, лично се вложи во конкретниот случај со цел овозможување на реална конкурентност. Иницијативата на Петровска, потребно е да биде поддржана од Советот на Општина Битола. Убедени сме дека Советот на општината едногласно ќе го поддржи значењето на сето ова, со цел наскоро, со ветената поддршка од државата да добиеме можност за просперотетен локален економски развој и нови инвестиции во нашата општина.

Во ИЗ “Жабени“ ТИРЗ и индустриски зони на државно ниво, Петровска иницира услови за нови инвестиции
More from ВестиMore posts in Вести »
- Србинот Кочовиќ ново засилување на КК Пелистер
- Едукативен-забавен хепенинг во Зоолошката градина Битола (фото)
- Инженерство, иновации и извонредност: 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: син нападнал татко, пронајдена стара граната
- Јован Дојчиновски – сопственик на “АБЦ Дојчиновски“: подготвени влегуваме во оваа грејна сезона со потребните количини пелети





