Во СВР Битола, 51. годишна жена од Битола пријавила дека во семејната куќа во Битола, нејзиниот татко физички го нападнал нејзиниот 50. годишен брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.02.2021 во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, во атар на село Алинци, 44 годишник од Битола, управувајќи патничко моторно возило “мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во незгодата, возачот и сопатникот на 38 години од Битола се здобиле со тешки телесни повреди.






