Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола продолжува сончево, топло и тивко време

Денес, петок, 26 февруари во Битола, според прогнозите на мереоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Температурата во Битола до 18 степени.

Утре, сабота, 27 февруари во Битола во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 18 степени.