На 25.02.2021, полициски службеници од Отсекот за за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и помошни простории на 31 годишник од Битола.
При претресот биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин, марихуана и семки од марихуана. лицето било лишено од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава






