Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 4.373 тестирања, а регистрирани се 1.031 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се 30.
Регистрирани се 241 оздравен пациент од во Битола се 9.
Пријавени се вкупно 20 починати лица, а од Битола се 2 починати лица во болнички услови.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
Направени се преку ЦЈЗ Битола вкупно 91 ковид-19 тестови, а во Битола до сега има или биле позитивни на корона вирус 3.694, а активни се 292 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.






