Денес, недела, 14 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 17 степени.
Утре, понедлник, 15 март, во Битола времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни. Поради продор на студена воздушна маса кон крајот на денот и во текот на ноќта појава на снег ќе има и на некои пониски места. Од пладне ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени. Температурата во Битола до 8 степени.






