Press "Enter" to skip to content

Денес оздравени 14 пациенти, нема регистрирани нови позитивни на ковид-19, на инфективно 60 хоспитализирани

Според информациите на Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи на КОВИД-19, а во Битола нема нови регистрирани позитивни на ковид-19.

Регистрирани се 449 оздравени пациенти од кои во Битола се 14.

Досега во земјата се направени вкупно 567.441 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.

More from ВестиMore posts in Вести »