Според информации на Министерството за задравство, објавени на нивната фејсбук страница во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 44 лица кои се нови позитивни на корона вирус.
Регистрирани се 543 оздравени пациенти од кои во Битола се 14.
Пријавени се вкупно 24 починати лица, од кое едно лце е од Битола, а е починато во болнички услови.
Направени се преку ЦЈЗ Битола вкупно 88 ковид тестови.
Во Битола до сега биле или се вкупно 3.754 позитивни на ковод-19, а денес активни се 321 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 571.068 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.






