Во време на пандемија и “он-лајн“ настава, професорите по физичко и здравствено образование од основните и средните училишта во Битола, дел од наставните содржини ги организираат на отворено со почитување на мерките пропишани за заштита од ковид-19.
Денес професорот од Горната Гимназија од Битола, Антонио Трпковски, часот по физичко и здравствено образование го организира на отворено со пешачење до Смолево, со учениците од втора и трета година, а ние ги фотографиравме на местото од каде тргнуваа за да го одржуваат часот во природа.
Учениците на овој начин имаат можност да развиваат спортски дух и да се дружат, а дружбата по една година од кога не се заедно на часови, најповеќе им треба.






