Press "Enter" to skip to content

Започна тест фазата на проектот за обука на возрасни Роми

Во рамките на проектот РомАБЦ за Западен Балкан, во организација на Здружението за развој на ромската заедница СУМАЛ – Битола и ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, започна тест фазата и обуките за возрасни Роми кои се борат со својата функционална неписменост.  Овие обуки се дел од меѓународниот Еразмус+ проект во делот за образование на возрасни.

-Тест фазата е дел од активностите. Истата се спроведува 12 дена, а ќе продолжи во мај, по одржувањето на обуките за обучувачи. Со тест фазата се испитуваат сите поставени компоненти на Курикулумот и Прирачникот и преку обуките овие документи ќе се надополнат и променат во согласност со потребите на целната група, вели Фатма Б. Аземовска од “Сумнал“ – Битола.Обуките започнаа со реализација на ден 15.03.2021 и ќе траат до 30.03.2021 година. Во обуката се вклучени 16 возрасни Роми кои работат на стекнување или надополнување на основните знаења и вештини кои им се потребни за интеграција во општеството како и конкурентност на пазарот на труд. Обуките ги реализираат 5 обучувачи од двете организации кои се искусни во оваа област и го посетија пилот тренингот со што ги добија насоките за комплетна реализација. ООУ „Св. Климент Охридски“- Битола заедно со

-Здружението за развој на ромската заедница СУМАЛ- Битола работат на акредитација на Курикулумот за справување со функционалната неписменост на Ромите, која се уште е проблем во нашиот град и држава, како и негова имплементација во новите програми за образованието за возрасни. Со стекнувањето на акредитација и по завршување на обуките, лицата кои ги посетувале ќе се стекнат со сретификати, додава Аземовска.

Согласно со последните промени во образованието на возрасни и поставените концептни за образованието на овие лица, и двете организации напорно работат на проширувањето на Курикулумот и имплементирање на целосен процес на доедукација/образование на возрасните лица кои не го завршиле своето образование и се функционално неписмени.

More from ВестиMore posts in Вести »