Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 35 нови позитивни на ковид-19, оздравени 32, хоспитализирани 71

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.566 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 35 лица кои се позитивни на корона вирус.

Регистрирани се 711 оздравени пациенти од кои во Битола се 32.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 86 ковид тестови.

На инфектовното одделение во Битола, кое е регионален ковид центар се хостипализирани 71 пациент заболен од ковид-19 или суспектни.

Од почетокот на ковид кризата во Битола има  3.887 лица кои биле или се позитивни на ковид-19,  а активни денес се 416 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 582.489 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 117.437, бројката на оздравени пациенти е 99.837, на починати е 3.424, а бројот на активни случаи изнесува 14.176.

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »