Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола облачно со врнежи од дожд

Денес, сабота, 20 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поради продор на студен воздух во текот на денот врнежите можно е да преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во Битола до 10 степени.

Утре, недела, 21 март, во Битола времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Температурата во Битола до 4 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »