Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 5.222 членови на СДСМ гласаат за претседател на партијата

Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија во Битола ги одржува  првите директни, непосредни, внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ, со сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од ковид-19.

Во Битола, од над 6.000 ажурирани членови на СДСМ, правото да гласаат го избрале 5.222 социјалдемократи, а ќе се гласа во 17 избирачки места кои ќе бидат отворени од 8:00 до 19 часот.

-Со организација на првите внатрепартиски, непосредни избори за Претседател, СДСМ поставува нови демократски стандарди во политичкото дејствување. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната и најмодерната партија – СДСМ. Гласаме за Новата политика на СДСМ. Политика со која секој од нас ќе може да даде и повеќе и подобро. За граѓаните, за татковината, за иднината, рекоа од СДСМ.

More from ВестиMore posts in Вести »