Пелистер – Победа 1:1 (0:0)
Екипите на Пелистер и Победа одиграа нерешено иако бодовите им беа од големо значење на двете екипи во борбата за опстанок. Со тоа двете екипи ја задржаа истата позиција на табелата и истиот број на бодови.
Екипата на Победа поведе со 1:0, а при водство не погоди пенал за 2:0, а по изедначувањето на резултатот и Пелистер имаше шанса да победи, е накратко извештајот од оваа значајна средба за двете екипи.
Првото полувреме помина во иницијатива на Пелистер кој имаше неколку прилики за гол, а но гостите не остана должни, а голманот на Петковски не дозволи прилепчани да постигнат гол преку Трајковски.
Вториот дел започна со шансата за гол на Пелистер кога биеше Наумоски од слободен удар, но Тофиловски и стативата ги спасија прилепчани, а во 59 минута погоди Даноски за Победа со лоб го надмудри Петровски. Потоа, следеше пенал за Победа, откако Драгарски го сруши Карчевски во казнетиот простор, кој не беше претворен во гол за 2:0.
Пелистер успеа да изедначи на 1:1 преку Трифуновски, кој во 83. минута погоди по една мешаница во шеснаесетникот, потоа следуваше и шансата за победа над Победа.