Во последните 24 часа се направени 1.682 тестирања, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19, а во Битола не се регистрирани лица кои се позитивни на ковод-19, а во ЦЈЗ во Битола вчера не се правеа тестови.
Регистрирани се 700 оздравени пациенти од кои од Битола се 15.
Пријавени се вкупно 30 починати лица, а од Битола се 3 починати лица во болнички услови.
До сега во Битола има 3.947 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 431 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.






