Првиот ден на пролетта, учениците од Горната гимназија во Битола го одбележаа со отворање ликовна изложба под наслов “Пролетни вибрации“.-Оваа тематска изложба организирана од страна на Училишната библиотека е реалирана во соработка со наставникот по ликовна уметност, Александар Поповски, по повод најубавото годишно време, симбол на младоста и убавината и новото раѓање на природата – изјави библиотекарот, м-р Драган Ристевски.
На изложбата се претставени дваесеттина ликовни дела на тема пролет од страна на гимназијалци од прва и втора година. И покрај тоа што наставата се одвива без физичко присуство сепак, вредните и талентирани средношколци се одѕваа на предлогот за создавање ликовни творби за пролетта.
Со поставката на изложбата “Пролетни вибрации“ во гимназискиот хол, го разубавија просторот на Горната гимназија за сите што работно и заради училишни обврски ја посетуваат Гимназијата во која пред 76 години, официјално, за прв пат во средното образование во Македонија, започна наставата на мајчин македонски јазик.

“Пролетни вибрации“ – ликовна изложба на учениците во Горната гимназија во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Избран ректор на УКЛО Битола, проф. д-р Игор Неделковски ќе го води Универзитетот во втор мандат
- Општина Новаци ќе дава субвенции од 10.000 денари за полагање возачка дозвола од “Б“ категорија
- Денес гласање за ректор на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола
- СВР Битола: опожарени три возила, приведени три лица за дрога во Лавци
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 24 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Факсимили од роднокрајни писатели претставени на уникатна поставка во Библиотеката
- Свечено отворен 26. интернационален фестивал на монодрама јубилејен во Центар за култура Битола (фотогалерија)
- „Д (како Дездемона)“ – современ танц на вечерашното отворање на 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола
- Дали секој родител треба да дојди на оваа изложба? Ќе му ја дадеш шансата што ти ја немаше?
- В сабота во Битола почнува 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама (фото)