На 29 март 2021 во 20.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 38 годишник од Битола затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.03.2021 во СВР Битола, Г.Х. (63) од Битола пријавил дека на 27.03.2021, додека се движел низ брусничката населба во Битола, бил нападнат со дрвен предмет од негов малолетен сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






