Во рамките на Европскиот квиз на парите, се одржа државен натпревар на кој учениците Благоја Трајчески и Михаил Атанасовски од ОУ “Св. Климент Охридски“ Битола на кој го освоија првото место на национално ниво. Тие постигнаа најдобри резултати под менторство на наставник Бојана Димовска Гоновска и продолжуваат понатаму да ја претставуваат нашата држава.
Учество на овој натпревар зедоа 325 тима од 174 одделенија, односно класови од 72 основни и средни училишта под менторство на 83 наставници и професори, а Благој и Михаил го освоија првото место и со тоа тие се претставници од нашата држава кои се пласираа и ќе учествуваат на финалниот натпревар на Европскиот квиз на парите. Овој натпревар ќе се одржува он лајн на 20 април 2021 година, на англиски јазик.
Благоја Трајчески и Михаил Атанасовски се одлични, солидни ученици од 8-4 одделение кои учествуваат во многу училишни проекти, натпревари, претставувајќи го ОУ „Св. Климент Охридски“ Битола каде и ги фотографиравме. За тоа од каде идејата да се пријават ученикот Благоја Трајчевски ни рече:
-Се заинтересирав за квизот кој беше објавен на страната на Народна банка, а потоа заедно со Михаил Атанасовски му кажавме за обој натпревар на класниот раковлодиел Бојана Димовска – Гоновска која ни даде голема поддршка да се пријавиме. Исто така имавме и поддршка од мојот татко кој работи во овој сектор во понатамошните подготовки бидејќи на квизот требаше да се покаже знаење од областа на финансиската писменост, пари, дигитална безбедност, осигурување, пазар на капитал, финансиска математика.
Михаил Атанасовски се надоврза:
-Се бодуваа точните одговори но и брзината на одговарањето. Нашиот тим ги имаше сите точни одговори и најголема брзина во одговарањето,, бидејќи токму тоа и беше пресудно за нашата победа.
Менторот Бојана Димовска Гоновска која ја контактиравме он лајн истакна:
-Нашата држава по третпат е дел од овој значаен проект, кој е во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.
Националниот натпревар се одржа он лајн, но имаше и можност да се следи во живо на каналот на Македонската банкарска асоцијација на “јутјуб“, на натпреварот учество зедоа ученици од основните и средните училишта, а се натпреварува како тимови согласно нивното одделение.
Директорката Гордана Атансовска горда на своите ученици истакна дека квизот како проект на Европската банкарска федерација има за цел да ги поттикне училиштата и наставниот кадар во Европа уште повеќе да вложуваат во финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години и на додаде:
-Им посакувам успех во понатамошниот натпревар на кој сигурна сум дека учениците Благоја Трајчески и Михаил Атанасовски заедно со својот менторот Бојана Димовска – Гоновска достоинствено ќа ја претстават нашата држава, но и нашето училиште.
Низ разговорот Благоја Трајчевски и Михаил Атанасовски ни открија дека имаат и уметнички афинитети, односно Благоја свири на саксафон во музичкото училиште, а Михаил ја сака ликовната уметност убаво црта и освоил многу награди на ликовни конкурси.
Ж.Ристевска






