Денес и официјално започна вакцинацијата во Битола која се одвива во амбулантата на ОУ „Даме Груев“ во Битола, а денес на првиот дел можат да се вакцинираат граѓаните закажани преку “Мој Термин“, без гужви и нервози.
Екипата од Здравствениот дом ги заврши подготовките за вакцинацијата, за да денес, се се одвива во најдобар ред, а граѓаните кои се вакцинираа, се надеваат на подобро, да го нема ковидот.
За денес и во наредните денови ќе се вакцинираат по 100 битолчани, во Битола се пристигнати 1.400 вакцини.






