На 30.03.2021, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во домот и помошни простории кај две лица на 66 и 45 години на улица „Васко Карангелевски“ во Битола.
При претресот биле пронајдени и одземени повеќе шишиња со метадон и прашкаста материја.
Лицата биле приведени во Полициската станица Битола и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






