Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола рекордни 105 нови позитивни на ковид-19, хоспитализирани 103 пациенти

Во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на Ковид-19 во од кои во Битола се 105.

Регистрирани се 761 оздравен пациенти од нив од Битола се 45.

Пријавени се вкупно 29 починати лица од Битола се три на  62, 64 и 71 година во болнички услови.

Направени се преку ЦЈЗ Битола-101 и “Плодност“  62 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 629.233 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 131.424, бројката на оздравени пациенти е 107.740, на починати е 3.810, а бројот на активни случаи изнесува 19.874.

Според епидемиолошки анализи дистрибуцијата во Битола има досега 4.524 позитивни и активни 802 случаи.