Фудбалскиот клуб Пелистер од денес ќе го води Неџат Хусеин, кој досега му беше еден од помошниците на Марјан Секуловски, кој неочекувано се раздели спогодбено со Пелистер.
Новиот тренер Неџат Хусеин ќе го води Пелистер во тешката завршница од оваа фудбалска сезона во која заедно со фудбалерите да ја води битката за опстанок во Првата фудбалска лига на Македонија, како и финалето од Купот против екипата на Шкендија.
Хусеин и досега бил на чело на стручниот штаб на Пелистер, а водел и други екипи од Македонија.
Секуловски на својот фејсбук им се заблагодари на сите кои беа со него во трите месеци колку беше на чело на Пелисер, фудбалери, админситарција, управа, стручен штаб, навивачи…
Хусеин е петти по ред тренер на Пелистер оваа сезона, која ја започна Наџи Шенсои, Срѓан Захариевски, Спасе Ристевски и Мане Секуловски.