Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола рекордни 113 нови позитивни на ковид-19, оздравени 15, починати 3, активни 897 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 4.174 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 113 лица.

Регистрирани се 457 оздравен пациент од кои во Битола се 15.

Пријавени се вкупно 50 починати лица од кои од Битола се 3 пациенти  на возсраст од 73, 69 и 55 години починати во домашни услови.

До сега во Битола 4.637 лица биле или позитивни на ковид-19, а активнисе  897 случаи.

Направени преку ЦЈЗ Битола 151 ковид тестови, а преку болница “Плодност“  62 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 633.407 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683.