Под мотото “Light up in blue“ сини балони се кренаа во небото во знак на поддршка на лицата со аутизам. На овој начин низ повеќе активности беше одбележан Денот посветен на информирање и активизам за аутизмот во ОУ „Св Климент Охридски“ во Битола кој се одбележува секоја година на 2 април.
Специјалниот едукатор и рехабилитатор Андријана Шокларовска која ги спроведе активностите на работилницата посветена на овој ден изјави:
-Денот посветен на информирање и активизам за аутизмот се одбележува секоја година во нашето училиште. Оваа година се одржуваше на отворено во нашата летна училница. Беше одржан отворен час на кој беше реализирана работилница меѓу учениците од III 2 одделение. Учениците изработуваа сини беџови, а сините балони кои ги пуштиме и се кренаа високо на небото беа во знак на поддршка на децата со аутизам под мотото „Light up in blue“. Покрај ова имаше донација книги за нашата училишна библиотека. Активностите ги следеше и директорката Гордана Анастасова која не поддржува во организирање на вакви настани.
Ж.Р.






