На 02.04.2021 околу 16.45 часот на ул. „Јане Сандански“ во Битола, полициски службеници лишиле од слобода три лица на возраст од 39, 37 и 36 години, сите од Битола, затоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а се однесувале агресивно и кон други полициски службеници.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






