Press "Enter" to skip to content

Во Битола само 1 нов позитивен на ковид-19, оздравени 36, починато едно лице, вчера не беа правени ковид-тестови

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.431 тестирања, а регистрирани се 301 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола е регистриранио едно лице.

Регистрирани се 1.091 оздравени пациенти од кои во Битола се 36.

Пријавени се вкупно 37 починати лица од кои 1 починат е од Битола 59 годишна возраст.

Преку  ЦЈЗ Битола и “Плодност“ вчера не беа правени тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 643.004 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 135.167, бројката на оздравени пациенти е 110.388, на починати е 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20.802.